Судењето за постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид, „Траекторија“ на СЈО продолжува на 16 септември.

Претходно Судот ги одби барањата на одбраната за изземање на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и Лиле Стефанова за случајот и постапката продолжи со изведување на материјални докази.

На почетокот на денешното рочиште, судечкиот совет се повлече на пауза од половина час за да одлучи за барањето на одбраната за прекин на рочиштето додека Советот на јавни обвинители и Собранието не се произнесат за разрешувањето на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Според одбраната, нема легитимитет да се застапува било кој предмет покренат од Јанева, вклучително и овој додека не се произнесат двете институции надлежни за нејзиното разрешување.

Адвокатот Еленко Миланов посочи дека застапникот на обвинението, обвинителката Лиле Стефанова е и сведок против нејзиниот властодател Јанева во случајот „Рекет“ и додаде дека неколку предмети во фаза на предистражна и истражна постапка или за кои се поднесени обвиненија можат да бидат поврзани со оваа афера.

Тоа додаде, според него е доволен основ Стефанова да биде изземена од предметот „Траекторија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.