Неточни, измислени и манипулативни се изнесените тврдења на Костадинов и Заев за мене, реагира адвокатот Панче Тошковски по обвинувањата на портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов дека додека бил директор на ЕЛЕМ,опозицискиот лидер, Христијан Мицкоски испумпувал пари од граѓаните и му плаќал за адвокатски услуги на Тошковски.

Различни сме. Мене адвокатурата ми е професија од која егзистирам, а вам криминалот ви е професија од која се богатите на грбот на чесните граѓани. Вистината е дека се работи за склучени потполно два различни договори, по отворена транспарентна постапка, и кога почнува вториот договор, се раскинува првиот договор. Впрочем тоа е договорот по кој работев како адвокат до пред 6 месеци, длабоко во мандатот кога Заев е премиер. Сигурен сум дека ако имало барем тронка неправилност, тронка нарушување на процедурите, СДСМ со нејзините алатки во правосудството немаше да жали средства да направи прогон и за овој случај, a и нема да ме чуди направат монтажа како што тоа го прават редовно и често, но залудно. Доколку имаат некакви забелешки следниот пат го поканувам господинот Костадинов истите да ги адресира до неговиот шеф и доскорешен премиер Зоран Заев, се веливо реакцијата на Тошковски.

Костадинов обвини дека Мицкоски додека бил директор склучил Договор за адвокатски – советодавни услуги со Панче Тошковски, од ВМРО-ДПМНЕ, со кој му дал 1.600.000 денари, за период од две години

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.