Ние на телевизија гледавме како се носат чанти со милиони евра. Кулиорските муабети се дека станува збор за рекет од околу 20 милиони евра, изјави адвоктот Панче Тошковски, учесник во преговарачките тимови во кроењето на законите за јавното обвинителство од ВМРО-ДПМНЕ, во дебатната емисија „Што не е јасно“ на телевизија Алфа.

Според него, моментално во Република Македонија има трагикомична скоро патетично жална ситуација во правосудниот систем. Тој рече дека правосудните органи наместо да го употребуваат правото, тие го злоупотребуваат се со цел да задоволат желби на политичката елита којашто е на власт.

Гледаме катастрофални постапки од страна на обвинителството за организиран криминал. Сите можевме да видиме дека во јуни-јули кога ги притворија Бојан Јовановски и Зоран Милевски за случајот Рекет 1 и истиот ден кога ги притворија, се вршеше претрес во домот на специјалната јавна обвинителка. Прво била издадена наредба за претрес на нејзиниот дом, а потоа да биде пренаменета во наредба на личен претрес. Тоа ја компромитираше целата истрага, како може едните да се притвараат а на другите им вршите само личен претрес? Меѓувремено обвинителката замина на одмор и после месец и кусур се приведе, за сите да се смеат на начинот како се врши истрагата, изјави Ташковски.

Тој запраша дали некој верува дека ваков рекет со вакви суми може да се спроведе од јавна личност и некоја си специјална јавна обвинителка. Според Тошковски според водењето на истрагите Рекет 1 и 2 се пример како не треба да се води истрага.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.