Премиерот го познавам пред Шарената револуција и бевме многу блиски, вели бизнисменот Киро Тошевски, кој ги обвинува премиерот во заминување Зоран Заев и неговиот брат Вице за братски рекет.

Од 14 ноември до 13 декември ме манипулира со деловниот простор каде е општинската организација на СДСМ. Деловниот простор каде што е сместена општинската организација на СДСМ е сопственост на син ми. Беше под хипотека и со пари од Азманов го префрлов на име на син ми. Или деловниот простор кој го користи СДСМ не ми е вратен, вели бизнисменот Киро Тошевски на гостувањето на телевизија Алфа.

Според Тошевски тоа што го прави Заев е ненормално.

Заев ми праќа негови блиски, луѓе од СДСМ и ми велат да направиме некаков договор. Но, тој мене не ми ни плаќал за деловниот простор каде е сместена општинската организација на СДСМ, рече Тошевски.

Јас сум сопственик и имам имотен лист на земјиштето кое се наоѓа во близина на Универзитетот ФОН. За ова земјиште немам добиено никакво решение за данок, а објектот е граден со дозвола. Од 2017 до 2019 мене градоначалникот Борче Георгиевски ме држи под притисок. Ако нешто не е во ред нека каже, рече бизнисменот Киро Тошевски на гостувањето на телевизија Алфа.

Тој објаснува и како одела понатаму постапката, што се случуваше.

За земјиштето ми се јавуваше и извесен господин Ајдован, сопственик на Хилтон, кој ми рече дека му е важно каков поглед ќе има од Хилтон. Но, излезе дека е вклучен Вице Заев, брат на премиерот Заев и ми пратија адвокат Александар Тумановски, исто струмичанец, по што отидов во Струмица и му се јавив на Вице. Имам доказ за комуникација со Вице, официјално 2-3 средби имавме, вели Тошевски.

Имаве и еден разговор во кој Вице демонстрираше моќ, не знам како вика дека не ме знае кога ми рече и дека ја гледал и емисијата каде сум гостувал.
Тошевски вели дека има докази, кои и ги прикажа, за целата комуникација со Заеви.

И ме лажеа дека има странски инвеститор и место странски инвеститор ми кажуваат за бизнисменот Азманов. Потоа ме информираат дека е во контакт со доктори кои сакаат да се отвора болница, рече Тошевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.