Вечерва во 18 часот во знак на револт за распродажбата на националните интереси се блокираа крстосници и во Битола.

Битолчани се крајно разочарани и понижени од страна на ненародната власт предводена од Зоран Заев и велат дека нема да дозволат никој да поигрува со чувствата на Македонците.

Зоран Заев, ниту пак било кој друг политичар, нема право да задира во македонскиот идентитет, бидејќи Македонија не е ничија своина, туку наша татковина.

На блокадите во Битола се обрати и Иванчо Тошевски кој јавно порача дека битолчани нема да се повлечат и секојдневно ќе бидат на улиците, се до конечниот пад на Зоран Заев и оваа квинслиншка влада. Битолчани ќе останат на браникот на Македонија и нема да дозволат пазарџии од типот на Заев да ја ставаат на распродажба.

Народот е на нозе и борбата ќе продолжи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.