Класична тортура се врши врз Миле Јанакиески. Откако денеска Апелација ја усвои жалбата на неговите бранители и тој излезе од домашен притвор, обвинителката во Обвинителството за организиран криминал Вилма Рускоска бара нов притвор.

Како што дознава „Република“ Рускоска не може да се помири што тој е на слобода и сака по секоја цена да го види во притвор. На Јанакиески му беше одредена мерка дека може да се брани од слобода за случајот „ТНТ“

Таа бара притвор за случајот „27 април“ каде има првостепена пресуда и допрва следуваат жалби до Апелација.

Судот и обивнителството вршат невидена притисок врз Миле Јанакиески и  се бара по секоја цена до 15 декември да има пресуди за „ТНТ“ и Топлик“, додека другите случаи постојано се одложуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.