Заев ѝ се јавил на Катица да ги ослободи осумтемина пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за уставните измени. Катица го искористила тоа и преку Боки влегува во сета корупциска приказна, убеден е адвокатот Александар Тортевски, кој преку оваа шема дава свое видување на прашањетоколку власта на СДСМ имала влијание врз работата на СЈО.

Убеден сум и знам некои информации дека онаа пратеничка група што се одметна од ВМРО-ДПМНЕ и која гласаше за уставните измени, а дел беа во притвор, дека тие не се пуштени по самостојна одлука на Катица Јанева и на судиите, туку дека тоа е нарачка од извршната власт и тука јас немам никаква дилема. За жал, извршната власт се соочи со еден избор – дали да почитува принципи на правна држава или да ја замоли Катица да ги пушти на слобода овие лица заради „повисока цел“ – откочување на евроинтеграциите, вели Тортевски во интервју за Фокус.

Заев на најтешкиот можен начин научи дека не можеш да вбризгаш отров во општеството преку интервенции во правосудството и пуштање на слобода одредени луѓе, затоа што тоа општество повеќе не може да се оправи, смета скопскиот адвокат.

Јас сум убеден дека заднината е ваква. Заев ѝ се јавил на Катица да ги ослободува овие, за да гласаат за уставните измени. Катица го искористила тоа и преку Боки влегува во сета корупциска приказна. Ова е лично мое мислење, и ако ѝ било наложено да ослободи луѓе што тежат стотици милиони евра, веројатно тука се прекршила. Видела шанса да ја продаде информацијата дека овие луѓе ќе бидат ослободени и им дала сигнал на сега осомничените да влезат во акција, вели тој.


Целото интервју ТУКА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.