Адвокатот Александар Тотревски открива скандал во Академијата за судии и јавни обвинители. Тортевски вели дека на Академијата се примени лицата поради кои беше поништен првиот конкурс за судии и обвинители затоа што се пријавиле во Академијата со фалсификувани документи.

Јас реагирав пред извесен период, минатиот конкурс во Академија за судии и обвинители беше поништен затоа што една солидна бројка фалсификуваа уверенија за познавање на странски јазик, ги донесоа од Албанија, фалсификувани. На следниот ги примиле да учествуваат. Тоа е скандал. Сега тие ме убедуваат дека во постапката ќе најдат нешто и ќе ги елиминираат. Меѓутоа ти како држава мораш да им кажеш на тие тие луѓе: Господа се обидовте со криминал да влезете во Академија за судии и обвинители, за вас правосудството е завршена приказна. Ако штотуку завршен студент на правен факултет, сака да влезе во Академија за судии и обвинители со фалсификувано уверение, вие не смеете да му дадете шанса да влезе во правосудство, рече адвокатот Тортевски.

Сега, истите тие лица кои се обиделе да се запишат на академијата со фалсификуван документ за познавање на странски јазик се дел од академијата која треба да произведе обвинители и судии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.