Адвокатот Александар Тортевски во интервју за најновиот број на неделникот „Фокус“ открива шокантна информација, односно дека додека била ангажиран како советник во СЈО му бил понуден поткуп, кој тој го одбил.

На прашањето на Фокус, дали поткупот му бил понуден за некој предмет во СЈО, Тортевски вели:

-Да, и го пријавив тоа во СЈО. Сега ми е жал што ја немам потврдата, се трудам да ја добијам, но има проблем бидејќи сега нема кој да го одобри тоа, затоа што Катица е во притвор. Инаку, ми беа понудени огромни пари – педесет илјади евра, вели Тортевски.

Тој појаснува дека пријавил кај специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, но и целиот колегиум бил запознаен.

-Новосел, бивш хрватски обвинител на испомош, негова идеја беше да се направи службена белешка за тоа, човекот ми честиташе, рече дека не сретнал адвокат што така се однесува, вели Тортевски.

Тој појаснува дека оној кој му го нудел поткупот барал да лобира да се забошоти одреден предмет, но и открива дека предметот го снемало никаде.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.