Адвокатот Александар Тортевски кој беше обвинет од Лидија Димова дека се одмаздува поради недобиени пари од агенцијата, во емисијата 24 анализа, изјави дека сериозно треба да се приспита работата на Националната агенција.

Интуицијата ми вели дека таму нешто е се открие. Треба да се направи ревизија и да влезат вистински стручњаци и постапката треба да се води многу сериозно, рече Тортевски.

Тортевски потенцираше дека некои луѓе формално биле ставени на списокот и вклучени во проектите, а потоа им било побарано добиените сретства да ги вратат назад. Рече дека нема никаква релација кон Димова и верува дека институциите треба да проверат и утврдат дека таму се било чисто. Тој истакна дека не конкурирал за никаков грант, за никакви пари во агенцијата.

Јас немам никаква тужба како што таа рече, јас застапувам странка која има тужба, и не сум реагирал никаде, рече Тортевски.

Потенцираше дека не поддржува проекти како што се тренинг на динарско магаре и коњ липицанер и тука се гледа односот на јавните функционери кон парите кога ќе дојдат во позиција да ги делат.

Насловот на проектот беше „Обука и тренинг на магаре“. Магарето не се тренира да дава млеко и не можете да го тренирате да стане крава. Тоа е набрзина смислен проект, рече Тортевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.