Адвокатот Александар Тортевски објави индиции за сериозен криминал. Тој вели дека братот на Сашо Ордановски, Ванчо, кој на Твитер го користи името @mindplumber од државата земал 350 илјади евра за измислен проект за мерење загаденост.

Тортевски и Орданоски со месеци се во Твитер војна, во која Тортевски на крајот одлучува да ги фрли ракавиците и да ја открие информацијата.

По се што имам кажано (а и направено) против нив, ниту Грујо, ни Сашо ни Хорхе немаат јавно кажано против мене еден збор. Со месеци со Ванчо Ордановски сме блокирани а упорно ме плука на твитер. ПА ТОЛКУ ЛИ Е ВО ПАНИКА ДЕКА ЌЕ МУ СЕ ОТКРИЕ КРИМИНАЛОТ СО ИЗМИСЛЕНА ИНОВАЦИЈА, прашува адвокатот Тортевски.

 

Оној што лапна 350.000 евра за измислен проект за мерни станици што ќе мерат загаденост. Заради некои свои глупи принципи му преќутувам неколку месеци ама човекот сака да биде втор Љупчо Златев па готово, ги вадам ракавиците, одговара Тортевски на прашањето кој е човекот кого го обвинува за криминал.

Тортевски е свесен дека од оваа „војна“ едниот ќе биде изнесен на носилки, но вели дека не се откажува.

Влегов веќе во рингот. Сега едниот ќе го изнесат на носилки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.