Судењето за „Топлик“ се одложува за 16 февруари поради отсуство на еден од обвинетите, кој е позитивен на КОВИД-19.

На денешната расправа, како што беше најавено, Обвинителството требаше да почне со давање на завршни зборови.

Судијата Осман Шабани, на почетокот на денешното рочиште информираше дека од адвокатот Часлав Станоевиќ, бранител на обвинетиот Томе Ѓурчилов, на 8 февруари бил доставен поднесок со прилог медицинска документација по кое судот утврдил дека обвинетиот е спречен да присуствува на денешната главна расправа поради инфекција со КОВИД-19, утврдена на 5 февруари од страна на ПЗУ Клиничка болница „Жан Митрев“.

Во случајот „Топлик“ првообвинет е ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој заедно со уште пет лица од министерството, кои биле членови на Комисијата за јавни наддавања, се обвинети за злоупотреба на службената положба и овластувања.

Предметот, кој беше отворен од поранешното СЈО се однесува на продажба на градежо земјиште за изградба на населбата Сончев Град во Сопиште.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.