Уставните измени од Договорот од Преспа поминаа и во третата финална фаза попладнево во Собранието на Република Македонија, откако претходно седницата три дена беше презакажувана. Одлуката на македонските пратеници да го проемнат Уставот, а со тоа и уставното име на државава, денеска е главна вест во медиумите од регионот.

Од сега, Република Северна Македонија и Македонија го промени своето име во Република Северна Македонија се само дел од насловите во медиумите од регионот.

Пратениците со двотретинско мнозинство од 81 пратеник вечерва во рамки на 75. седница ги донесоа амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Македонија, а потоа и ги прогласија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.