Обвинетиот Тони Трајковски, поранашен градоначалник на општина гази Баба, денеска не дојде на судењето за предметот “ТНТ”.

Неговиот адвокат утрово го информирал судот дека неговиот клиент синоќа, додека бил на прошетка со поранешниот градоначалник на Скопје Коце Трајановски бил претепан од непознати лица со видливи повреди на главата и телото.

Тој бил пренесен на Ургентниот центар во Скопје, соопшти судијата Огнен Ставрев, читајќи го поднесокот на адвокатот.

Во 6.30 часот Трајковски бил пренесен во болница, имал хематом, со видливи повреди, кажа адвокатот Јовица Страшковски.

Судијата Огнен Ставрев рече деке со колегата Осман Шабани стапиле во контакт со надлежниот лекар во Ургентниот центар, кој им објаснил дека Трајковски е во добра општа состојба.

Колегата Осман и јас стапивме во контакт со надлежниот доктор, но по телефонско јавување, докторот ни објасни дека е во добра општа состојба и на пат е кон дома. Ако не дојде за еден час, ќе го приведеме стражарно, рече судијата и даде еден час пауза.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.