На огласот на СДСМ за претседател на држава се пријавиле четворица кандидати, објави „МКД.мк“.

На огласот се пријавиле Тони Петровски, Божидар Ночев, Ѓорѓи Филипов и Игор Поп Трајков.

58-годишниот гостиварец Тони Петровски, дипломиран правник и долгогодишен член на СДСМ бил вториот кандидат на огласот што го распишаа социјалдемократите. Инаку, досега беше познато дека само амбасадорот Ѓорѓи Филипов се пријавил на огласот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.