И во смртта предаден, и по неа, напиша актерот Тони Михајловски на својот фејсбук профил по повод 150 години од раѓањето на Гоце Делчев.

Кој е последниот актер во Македонија кој на филм или во тв серијал го изиграл ликот на Ѓорѓија Николов Делчев? Кога последен пат се случило тоа? Како мислиме да одбраниме нешто, некого, било што, ако не направиме запис дека е дел од нашата и само нашата историја? Како да ги научиме младите генерации кои се, од каде се и чии наследници се ако не им го покажеме тоа на начин на кој го прават сите?

И да, Гоце покрај другото бил и БРАНИТЕЛ. На Македонија и Македонците. А ние денес не “произведуваме” БРАНИТЕЛИ. Ние ги предаваме.

Нека ти е Вечна Слава и Памјат Даскале!

Еден од недостојните. Неугледните.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.