Топката што веќе почнала да се тркала низ брдото никој не очекува дека кога ќе стигне до дното на тешката планината на нашиот идентитет, ќе се стопи и ќе исчезне. Напротив. Под таа лавина ќе останеме замрзнати Македонци под налетот на „северот“.

Ни упатствата на МНР ни колнењето на премиерот Зоран Заев, на Стево Пендаровски, Никола Димитров, Радмила Шекеринска не можат да не убедат дека историскиот договор склучен во Преспа не фрлија земја врз Македонецот и од калта изродија Северномакедонец.

Вчера за Фејсбук, денес за Франс прес (АФП) гласаа Северномакедонците.

Откако повеќе европски и медиуми на германски јазик започнаа да ја користат придавката „северномакедонски“ (nordnazedonien) при именување на нацијата и јазикот, ја преземаа и социјалните медиуми и стихијно се шири.

Интересно е дека во една Фејсбук-полемика за идентитетот и неизбежната придавка „северномакедонски“ се вклучи и професорот Тони Дескоски.

За професорот Тони Дескоски, сопруг на министерката за правда Рената Дескоска, „ова е тоа што го прифативме“.

Само сега излезе на виделина. Ако некој мислеше дека може да се спречи придавка северномакедонски, дебело се измамил. Ова е трајно, за навек, коментира Дескоски.

Тони Дескоски ја застапуваше Македонија пред Судот за правда во Хаг кога Македонија ја тужеше и ја доби Грција за нарушување на Привремената спогодба. Познати се неговите тврди ставови дека промена на името не е можна без промена на идентитетот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.