Професорката Гордана Силјановска Давкова во своето вчерашно гостување на ТВ Алфа го искоментира одморот на премиерот Зоран Заев. Таа истакна дека Заев како најактивен во претседателската кампања се изморил и самиот си дал одмор.

Ова не беа парламентарни, туку претседателски избори ама премиерот беше најактивен па реши по завршувањето да си даде одмор. Тој сам лично си дава одмор. И претходно си даде одмор. Паметам еден премиер кој си даде одмор кога му се роди четвртото дете. Тони Блер како одговирен родител сами си даде одмор оти сакаше малку да му се посвети на бебето, рече професорката Силјановска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.