Македонија не смее повеќе да губи, порача Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека иако владата вели дека го заштитила македонскиот јазик, вистината е дека тој никогаш и не бил доведен во прашање, до сега, но и нема гаранции дека нема да биде оспоруван.

Официјалниот јазик на земја кандидат за ЕУ, се признава во поглавје 34. Македонскиот јазик го нема во предлогот, и постои опасност кога ќе се отвори и затвори поглавјето 34 истиот да биде оспоруван. Владата дека ќе сме влезеле во ЕУ. Вистината е дека ова е преговарачка рамка каде бугарските барања стануваат барања на Европската Унија. А до тогаш Бугарија ќе може да не блокира во секој момент. Тогаш се сфаќа дека овој договор всушност и нема придобивки за Македонија, освен на оние кои сакаат да ја зачуваат фотелјата. Кога ултуматум е во прашање, одговорот на ВМРО-ДПМНЕ сега и секогаш ќе биде НЕ БЛАГОДАРАМ!, порача тој, повикувајќи ги граѓаните пред влада во 19 часот!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.