Лажеме, крадеме и имаме вошки. Можеби не носиме лобутинки, Пради и Луј Витони, но мирно спиеме, дури и на тавани, и немаме посебна потреба да гракаме наоколу дека некој лаже и краде за нас. И да, вистина е дека лагата е погласна од вистината, но вистината е таа што победува. Затоа, министерке Шекеринска, ќе ја почекаме вистината, па тогаш ќе видиме кој лажел, а кој крадел. Нели, со вашиот речник.

Прецизно како од прва рака, како мајстор на занаетот, лута ифрит Радмила Шекеринска блуе змии на Фејсбук по „Република“. Ѝ засметало што сме ја спомнале во наслов на текст преземен од друг портал, со цитиран извор, кој се повикува на исказот на сведокот во случајот на ОЈО „Рекет“, Орце Камчев, за кој и самата обвинителка за органзиран криминал Вилма Рускоска потврдува дека е веродостоен.

Не се потресе Шекеринска кога го испраќаше сопругот кај семејниот пријател Орце Камчев на фудбал додека „педерите“ договараат рекети, туку кога си го прочита името во нашиот наслов. Или, можеби ѝ дојде тесно во друштвото на фотографијата? Сите матни ликови и невината Радмила?

Знаете, кога го читаме вашиот статус не можеме да се ослободиме од сликата на разјарена боволица. Толку многу гнев во една навидум кревка жена… Жално. Но, од друга страна, покажувате дека хириуршки прецизно ја познавате анатомијата на криминалот. Знаете, однатре…

Ќе ја тужам „Република” за нејзините лаги, затоа што реакции до нив се непотребни и залудни. Сите знаеме дека, со секој од своите непотпишани текстови, си одработува за своите „непознати” газди.

Газдите ни ја крадеа државата, тие, пак, имаа задача да ја лажат. Лажат и манипулираат со јасна цел која ја гледаме на дело секој ден во судовите: да ги оневозможат, попречат или одложат сите постапки за криминалот, корупцијата и злоупотребите кои ги чувме во “бомбите” и видовме на дело претходните 10 години.

Создадоа мафијашка структура која одземаше фирми и уништуваше животи преку ноќ, која контролираше, уценуваше и плаќаше новинари, која знаеше само да потплаќа, купува и продава…и сега сака да избега од правдата и одговорноста. Што ќе прави? Истото тоа, но со повеќе лаги и повеќе пари.
Не успеаја досега. Нема ни сега!“ се вели во постот на Шеќеринска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.