Градоначалникот пулен на Заев, кој тепа, навредува и омаловажува граѓанин во својот кабинет, го штити Заев, кој молчи за целиот скандал, но и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој целиот случај, наместо пријава, го завериле како поплака, порача портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Тој обвини дека и по пет дена во Јавното обвинителство никако да стигне гласот за аудиоснимката, во која постојат наводи дека градоначалникот на СДСМ, Курто Дудуш, во својот градоначалнички кабинет бесправно лишил од слобода, измачувал, тепал и навредувал граѓанин. Во Јавното обвинителство, како што вели Стоилковски, два дена сè уште не виделе дека полицијата предводена од Оливер Спасовски го забошотува случајот, односно поднесената пријава само ден подоцна, којзнае под какви притисоци, била преквалификувана во обична поплака по која МВР нема обврска да делува.

Уште колку долго Обвинителството при уши ќе се прави глуво и при очи слепо? Толку ли е голем притисокот на власта овој случај да се забошоти па мораат во обвинителство вака да се однесуваат? На обвинителството треба да им биде јасно дека Курто Дудуш, СДСМ, Оливер Спасовски и Зоран Заев прават се овој скандалозен случај да не добие разрешница и доколку се утврди вина и соодветно да се санкционира. Докази постојат и само слеп политички послушник не може да ги види и да ги процесуира. Тоа што нема ова заробено Рускоска обвинителство да го процесуира, ќе го процесуира обвинителство кое ќе биде ослободено од стегите на Заев и власта во заминување. Граѓаните гледаат дека овој криминално насилнички картел е во распад и следи период кога што ќе има одговорност за сите од власта на Заев кои го тероризираа, пљачкаа и осиромашуваа овој народ, но и за сите оние кои тоа го штитеа, рече Стоилковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.