Раководството на царска Бугарија во 1941 година се приклучило на Тројниот пакт на фашизмот, но бугарскиот народ не бил прашан дали се согласува и затоа не треба цела Бугарија да се оквалификува како фашистичка, рече денеска премиерот Зоран Заев по увидот на работите на патот за Бугарија, близу граничниот премин Деве Баир, одговарајќи на новинарско прашање во врска со неговите вчерашни изјави во интервјуто за БГНЕС.

Царска Бугарија во 1941 година застанува на страната на Тројниот пакт на фашизмот. Во тие моменти никој не ги праша Бугарите на реферндум каква е нивната определба за да можеме цела Бугарија да ја оквалификуваме како фашистичка. И во нашата Македонија имаше соработници на фашистите, домашни предавници. Европа ги реши прашањата на европски начин, време е и Балканот да ги реши прашањта на европски начин. Да простиме, но да не заборавиме. Окупацијата од страна на фашизмот била присутна насекаде низ европа и низ светот и тоа не е причина да велиме цел еден народ дека е окупатор, затоа велам администрација, затоа што тогашното раководство на царска Бугарија се приклучила на тројниот пакт. Но, денеска да зборувате за фашистичка Бугарија или фашистичка Германија, тоа не е поглед кон иднината. Прашањето е дали ги користиме вистинските зборови за да градиме иднина, кажа Заев.

Прашан за 20-тината сменети плочи, кои што ги спомена во вчерашното интервју за бугарската агеција „БГНЕС“, Заев кажа дека на дел од плочите кои се сменети пишувало „бугарка фашистика рака“ или “бугарски фашистички кушрум“, а сега останува „фашистички куршум“ или „фашистичка рака“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.