Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски ја коментира изјавата на братот на премиерот Вице Заев дека семејството Заеви го стекнало капиталот за време на ембаргото во деведесеттие.

Вице: “Тогаш беше ембарго и лесно се заработуваше”???
Неверојатно признание; “лесно се заработуваше” во време на ембаргото од Грција и ембаргото кон Србија во 90-тите? Во време на целосно отсечен трговски коридор?
Знаете кои се тие што лесно заработуваа од ембаргото?
Само за споредба, само од грчкото ембарго, без она кон тогаш СР Југославија, Македонија ја чинеше над две милијарди тогашни долари!
Македонија тонеше, редици за бензини, редици за храна, празни маркети, затворени фабрики и купони место плата!
Ама некои чудесно лесно заработиле “голем капитал”.
Па чудете се после за шиткачкиот табиет и “желбата” за легалност.
Право и правда ќе има само без “Триестри”!

За појаснување, во време на целосно отсечен трговски коридор во Македонија добро работеа и заработуваа само шверцерите. Останатите осиромашуваа.

Вице: "Тогаш беше ембарго и лесно се заработуваше"???

Неверојатно признание; "лесно се заработуваше" во време на…

Posted by Naum Stoilkovski on Friday, 18 December 2020

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.