Денеска за настаните од 27 април сведочеше и Никола Тодоров, кој истакна дека обавувал повеќе партиски функции и оти во тој период бил член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, но и пратеник и министер за здравство.

За тој ден истакна дека ништо не навестувало дека тоа ќе се случи, туку дека денот во Собранието ќе заврши во 18 часот.

Но, по 18 часот ДУИ и СДСМ на нестандарден начин избраа претседател на Собранието. Нашата пратеничка група ја пееше химната и со ништо не го попречи изборот на претсдател на Собранието. Никој од нас немаше информација дека тоа ќе се случи. Таква информација немаа ни пратениците од СДСМ туку дека седницата ќе заврши во 18 часот,  објасни Тодоров.

Тој е убеден дека инцидентите не му одговараа на ВМРО-ДПММЕ и дека партијата ќе имаше бенефит од таквиот начин на избор на Џафери.

Од овој настан физички жртви имаше СДСМ, а ВМРО- ДПМНЕ имаше политички жртви и изгуби од 70.000 до 100.000 гласови, рече Тодоров.

Тој за време на сведочењето за собраниските настани откри дека тој период се разговарало за формирање на широка коалиција.

Се разговараше, не можам да кажам дека беше договорена но разговаравме. Затоа велам дека инцидентите нанесоа голема штета на партијата – изјави Тодоров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.