Поранешниот министер за здравство Никола Тодоров, кој имаше високи амбции во ВМРО-ДПМНЕ, со денешниот повик за „обединување“ почна да наликува на премиерот Зоран Заев, односно политиката на СДСМ, коментира „НетПрес“.

„Македонското национално ткиво се распаѓа. Поделбата помеѓу македонците е предлабока и преопасна. Ако вака продолжиме ќе се самоуништиме. Од друга страна по нашето членство во НАТО, доколку сме паметни, ни се отвора можност следните 5-6 години да бидат т.н.златни години за државата. После денешниот предлог од лидерот на СДСМ и актуелен претседател на Владата, јасно е дека Мицкоски не само што е пречка за обединување на ВМРО, туку е пречка и за обединување на Македонскиот народ. Не сакам да навлегувам зошто е таков ставот на Заев или пак зошто е таков денешниот одговор на Мицкоски, мене ниту едното ниту другото не ми е важно. Она што мене ми е важно, што е тоа што е во интерес на државата, на граѓаните и на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ се наоѓало на историски крстосници многупати досега. Ова е една од нив. Да не кажувам нешто што е познато на секого. Ако се пропушти крстосницата и се погреши патот, тогаш ќе мора долго враќање назад за да се најде повторно таква крстосница“, истакнува Тодоров.

Прашање е како сега му текна тоа на Тодоров, кој своевремено беше и кандидат за водач на ВМРО-ДПМНЕ. Иако никој не спомнува, како и преку кој дојде во ВМРО-ДПМНЕ и како бргу напредуваше.

Зошто не го обединуваше народот, туку го маткаше дека здравството ни е на високо ниво, постојано сликајќи една иста соба во Клиничкиот центар во Скопје, а пацинети за ургентна операција мораа да ургираат и преку влијатлени амбасади во нашата држава.

Како тоа наеднаш Заев стана обединувач, а продаде се’ што може да се продаде од македонското достоинство. Кави се тие обединувачи кога ќе те соголат до коска и ќе те обезличат и под нужната минималност?

Прашање е со што е задолжен Тодоров за да го воздигнува наводниот обединувач Заев. Најверојатно, нешто друго е во прашање? А, за тоа може само да нагаѓаме. Или, каква бомба има Заев за Тодоров?

„ВМРО ја пропушти крстосницата со преспанскиот договор, и добивме договор за кој тврдам, дека ако ВМРО и СДСМ беа сплотени, ќе беше далеку подобар. Обврска на ВМРО е да ги штити националните интереси на Македонија. Обврска на ВМРО е да го исполни вториот дел од своето име, демократска партија за македонско национално единство и да делува во насока на обезбедување на ова единство. Македонците се разединети и сите ние, политичарите, но и сите партии, имаат учинок и одговорност за тоа. ВМРО има зад себе историски пропуштени шанси, поделби, расколи, но се случувале и обединувања. Сега е момент на обединување во рамки на ВМРО, а потоа и помирување на македонската нација, со активно учество на ВМРО во тоа. Ако ВМРО не учествува во ова, пропаѓањето ќе продолжи, иселувањето ќе продолжи и на крај ќе ја изгубиме државата целосно. Наша обврска е на историјата да и погледнеме во очи и да ја преземеме нашата одговорност. Ако не го направиме тоа, тогаш ќе пропуштиме историска шанса и ќе бидеме директни учесници во пропаста на државата“, вели Тодоров.

Овие  зборови многу се поистоветуваат со скечот на К-15 „ВМРО-Комунстичка“.

За жал на Тодоров, избрал погрешен човек за обиденител, кого многумина Македонци го сметаат за предавник. Дали човек со такви обележја може да биде обединувач? Не!

Затоа Никола, подобро ништо не коментирај ќе бидеш попаметен! Вака, од далеку се гледа дека си нечиј приврзок, а таквите се за една употреба.

Со ваквите ставови, иако имаше некој голема желба да те направи лидер на ВМРО-ДПМНЕ, сега си сигурен противкандидат на Зоран Заев за водач на СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.