Адвокатот од семејството, Ванчо Александар Шехтански, вчера на својот „Фејсбук“ профил ја изнесе осудителната пресуда за убијците на Никола Сазданов Саздо.

Судбината сакаше баш денеска на една година од убиството, до мене како негов адвокат да стигне и осудителната пресуда од по 19 години за неговите убијци. Почивај во мир, напиша Шехтански на својот Фејсбук профил.

Минатата година на 29 јуни, Бесир Беља и Скендер Демири, крвнички го претепале Саздовски на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“ на булевар „Александар Македонски“ во Автокоманда. Саздо се здобил со тешки крвни повреди на главата, оштетување на мозокот и крвен подлив на градниот кош, покажа обдукцискиот наод, за кој пред судот сведочеше вештото лице, доктор Златко Јаќоски од Судска медицина.

Саздовски бил донесен во болница во претсмртна фаза за што итно била направена реанимација, а заради неможност на функционирање на мозокот бил поставен на механичка вентилација со пропратна терапија со медикаменти.

За жал момчето им подлегна на повредите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.