Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот протест „Оставка на Заев, слобода на народот“, посочи, како што рече, три поенти.

Кога зборувавме дека овој договор ваков каков што е, не е решение, туку е проблем, и само политички аналфабета може на егзибиционистички начин, авантуристички да стави во договор, историски случки да бидат критериум за Македонија, Македонците, граѓаните на Македонија, еден ден да бидат дел од Европското семејство. Тогаш не обвинуваа дека тие ги решавале проблемите со нашите соседи, дека нуделе решенија а ние сме биле проблемот. Еве денеска гледаме дека сме биле во право, дека тоа што за Зоран Заев е договор, за народот е предавство и кочница кон патот кон обединета Европа и место заслужено на Македонија во рамките на Европската унија – рече Мицкоски.

Понатаму додаде дека кога во март месец предупредувале дека тој меморандум речиси акламативно изгласан во Бугарскиот парламент ќе биде дел од преговарачката рамка и критериум, тогаш убедуваа дека тоа не е точно, дека тоа било само во главите на вмровците. Видовме, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, дека за жал и тоа е точно.

-Кога во октомври и ноември предупредував дека од министерот Османи се бара нов договор и анекс на договор што ќе го вклучува овој меморандум изгласан во Бугарскиот парламент и Зоран Заев и Бујар Османи и останатите ме обвинија дека ширам лажни вести. Излезе дека всушност тие биле тие кои што ги ширеле лажните вести.

Денеска кога зборуваме на национално предавство мислиме на македонскиот идентитет. Зборувавме пред два дена дека преговара за македонскиот идентитет, тој не убедуваше дека тоа не било точно и дека тоа биле лажни вести. Вчера слушнавме од историчарите дека токму придавката македонски е каменот на сопнување, па ќе ни речат, сите хорски ќе не прашуваат на чело со Зоран Заев и тие малкумина околу него што ќе сме направеле ние да сме биле на нивно место.

Замислете каква дрскост. Луѓето кои што не доведоа до амбис, кој што тргуваа и ги уништија сите преговарачки позиции создавани со децении. Луѓето кои што ја чепнаа Македонската вековна борба за сопствена држава во срцето на Балканот, нас ќе не прашуваат што ќе сме направеле? – коментира Мицкоски.

Тој даде и одговор на прашањето што ВМРО-ДПМНЕ ќе направи:

Еве ќе ви одговорам што ќе направиме, најпрвин ќе ве победиме на фер, не такви украдени талибантски избори, а потоа покрај криминалот ќе одговарате и за велепредавство пред овој народ, јас ви го гарантирам тоа, и за велепредавство и за овој народ, ете тоа ќе го направиме. А на маса ќе седнат учени луѓе, луѓе кои што знаат што се историски факти и ќе се изборат за подобри преговарачки позиции, достоинствен договор и Македонија во рамките на Европската унија.

Втората порака е до политичарите во нашиот источен сосед. Залудно преговарате со овие домат-дипломати, залудно преговарате, договарате, заедно мислите дека тоа што со нив мислите дека ќе го ставите на хартија ќе биде обврзувачко за нас. Еве ќе ве потсетам на тоа што го зборувам веќе со недели. Не постои такви парче хартија кое што ќе го почитува идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, владата на национално единство. Никогаш нема да прифатиме таков ултиматиум.


Последната моја порака ја упати до, како што рече, „нашите пријатели, нашите сојузници во Брисел, во Париз, во Берлин, во Виена, во земјите членки на ЕУ минус една“.

Знам дека вие го сакате овој народ, имате посебна емоција во вашите срца и за овој народ и за македонската држава и знам дека се ќе сторите за отпочнат тие долги очекувани преговори а ние ќе ви покажеме и докажеме дека знаеме и умееме по најкратката патека на најбрз начин да бидеме дел од тоа обединето европско семејство. Вас не ви треба домат дипломати кои што го распродаваат тоа кое што со крв го платиле нашите дедовци. Тоа го прават почитувани колеги од Брисел од Париз од Берлин од Виена за да можат дома да крадат. За да можат тука да го пљачкосуваат својот народ, таму коленичат и се веднат и распродаваат за да можат дома да крадат. Затоа кога ќе дојде денот не сакам да слушнам овој не смее овој смее сите ќе одговараат. Од прв до последен која за криминал кој за велепредавство, а кој и за двете работи – заврши Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.