Еден по еден судските предмети секојдневно се враќаат од почеток, само „ТНТ“ мора да заврши до 27 јануари. Предметот на СЈО, кој две години е во судска процедура, од неразбирливи причини преку ноќ стана толкав приоритет во судството што во негова корист безочно се кршат закони и се вршат уцени.

Поротниците во главна улога: „Тортура“ и „Еразмус“ вратени отпочеток, но не и „Ласкарци“

По 2 и пол години судскиот процес случајот на СЈО „Тортура“ во октомври минатата година беше вратен од почеток откако поротник во советот дал отказ. Судењето почнува од почеток со целосно сослушување на сите сведоци. Првото рочиште за случајот се одржа на 28 февруари 2018 година.

Денеска, пак, од Кривичниот суд доаѓа информацијата дека еден од судиите-поротници во судечкиот совет кој го води предметот „Еразмус“ во кој им се суди на поранешниот декан и неколкумина професори од Економскиот факултет, за седум дена заминува да работи во Германија, па судењето ќе мора да почне од почеток. Претседателот на советот, судијата Владимир Туфегџиќ, соопшти дека пред почетокот на денешното рочиште на кое требаше да има завршни зборови, поротникот ги известил дека добил  работна виза и за седум дена заминува за Германија. Со оглед на тоа дека за седум дена судечкиот совет проценил дека не може да донесе пресуда, испратил барање до претседателот на судот за назначување на нов судија поротник.

Но, истово нема да се случи со предметот „Ласкарци“. Во овој обемен предмет за автобуската несреќа што се случи лани во февруари судечкиот судија оценил дека на почетокот на судењето треба да ангажира дополнителен поротник, а Судскиот совет му определил, токму со таа цел, да нема застој во рочиштата и враќање отпочеток доколку дојде до отсуство или истек на мандат на судија-поротник.

Злите духови на „ТНТ“

Ако досега судските процеси сме ги идентификувале со жртвите или пак со обвинетите, овој случај е посебен и по уште еден феномен – трите лица на „ТНТ“ – судечкиот судија Огнен Ставрев, претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев и претседателот на Судскиот совет Киро Здравев. И секако, растргнатата поротничка со истечен мандат.

Адвокатот Јовица Страшевски, бранител на ексградоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски обвинет во ТНТ, со вонредно соопштение ја информира јавноста дека на првиот рабтен ден по Божик, 8 јануари, судијката-поротничка Лилјана Ивановска-Кочкоска, на која ѝ истече мандатот на 24 декември, поднела неотповиклива оставка од позицијата судија поротник поради истек на мандатот и во оставката го информирала претседателот на Основниот кривичен суд Иван Џолев дека повеќе не сака да присуствува на кое било рочиште. Кочкоска оставката и официјално ја доставила во архивата на Основниот кривичен суд Скопје, по налог на претседателот на судот истата не била прифатена и била итно повикана кај него со цел да се изврши притисок да мора да присуствува на рочиштата кои се закажани, особено за предметот ТНТ.

Изјавата на Страшевски ја потврди и адвокатот на обвинетиот Миле Јанакиески, Еленко Миланов, но ја негира Кривичниот суд.

Додека бев во судот, ме сретна поротничката Кочоска и ми кажа дека поднела оставка, но не ѝ била прифатена, вели Миланов во изјава за Сител.

Кривичниот суд, пак, во текот на вчерашниот ден со рафални писма се обиде да ја дискредитира одбраната во случајот „ТНТ“. Се закани и со  со пријави до МВР, Адвокатската комора и Обвинителството.

Меѓу другото негира дека поротничката поднела оставка и дека претседателот на судот Иван Џолев извршил притисок врз неа и ѝ ја поништил оставката. Од Кривичниот суд тврдат дека ѝ понудиле заштита и потоа ја премислиле да ја повлече оставката. Не е прецизирано за каква заштита се работи и дали случајот е процесуиран до МВР.

Откако е посочено дека судот ги користи сите легални механизми да го заштити интегритетот и угледот на секој судија и судија – портоник и доколку е неоходно институциите може на секој судија и судија – поротник да му овозможат и обезбедување, поротникот се осгласи да продолжи да постапува се до евентуално разрешување од Судскиот совет. Новиот допис на адвокатот Јовица Страшевски кој денска беше доставен до медиумите само ги потврдува заканите и притисоците кои адвокатот – странка во постапката, се обидува да ги направи врз судот и судијата – поротник, кој одлучува во конкретната постапка, а за кои судот подолго време апелира и вчера побара соодветна реакција од надлежните органи. Откако е посочено дека судот ги користи сите легални механизми да го заштити интегритетот и угледот на секој судија и судија – портоник и доколку е неоходно институциите може на секој судија и судија – поротник да му овозможат и обезбедување, поротникот се осгласи да продолжи да постапува се до евентуално разрешување од Судскиот совет, велат од Кривичниот суд.

Улогата на Киро Здравев, пак, во овој случај е да свика итна седница на која ќе биде констатиран истекот на мандатот на портоничката Кочоска и да назначи нова. Наместо тоа, Здравев настојува седницата да се одржи на 27 јануари.

Јавноста со прст во милионите на Цаноски и во судечкиот судија Огнен Ставрев

Во јавноста веќе се погласно се шпекулира дека важноста на случајот „ТНТ“ произлегува од две јасни причини – политички и лични.

Политичките причини се издефинирани – предизборен маркетинг кој треба да ги задоволи апетитите на разочараното членство на СДСМ и на симпатизерите, особено на оние кои му помогнаа на СДСМ да дојде на власт со паролата „нема правда нема мир“. Во затвор ќе влезат првите фукнционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Вторите, пак, личните, се врзани за неколку актери во процесот и за многу државни пари кои треба да бидат поделени меѓу засегнатите. Отштетата што треба да му се исплати на Фијат Цаноски од буџетот изнесува 40 милиони евра. Тој, пак, треба да подмачка на неколку места со овие пари. Некои од тие актери, кои треба да се омрсат од безобразно богатиот колач, пак, се луѓе високо инволвирани во процесот.

Исто така, во личните причини, наводно, лежи и ветеното унапредување на судијата од Кривичниот суд Огнен Ставрев, судечки судија на предметот „ТНТ“. На 27 јануари, кога Ставрев треба да ја донесе политичката пресуда за функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, закажана е седница на Судскиот совет, на која треба Ставрев да биде унапреден во судија на Апелацискиот суд.

„ТНТ“ во сенката на Заев

Заев преку своите слуги во судството и понатаму надвор од законот се обидува да направи што поголема штета, пишува политичкиот аналитичар Александар Пандов, додавајќи дека рејтингот на СДСМ е во слободен пад, па како очајници и губитници играат на картата ,,Сите сме исти“ или попозната во јавноста како ,,Курто и Мурто“.

За тоа повеќе од потребни им се пресуди против вмровци!, потенцира Пандов.

Аналитичарот веќе пишуваше за 40.000.000 причини зошто судијата во ТНТ, Огнен Ставрев, „од петни жили се труди да ни докаже и практично покаже нам, а и на меѓународната заедница како изгледа држава со заробено и корумпирано судство. Сите знаеме дека на Фијат Цановски му течело низ ногавици, но и дека неговиот објект „Космос“ е противправно изграден, а со самото тоа и сосема легално урнат“.

Милионската оштета од државата која ја побарува Фијат единствено може да ја фактурира со судска пресуда против обвинетите во ТНТ. Меѓутоа актуелниот Закон за судови во Македонија вели дека покрај судијата има и судии поротници за кои законот дозволува со оваа работа да се занимаваат до 60 гоишна старост, а мандатот им е со важност од 4 години. Една од тие судијки поротнички има 62 години, а на 24 декември минатата година ѝ истече и 4 годишниот мандат, што ќе рече веќе нема право да носи одлуки. Така ќе рече во нормална земја, но кај нас во случајов Заев активира уште еден негов слуга, Иван Џолев (кого од судија за прекршоци го направи претседател на Кривичниот суд), кој кординиран од СДС договара со Судскиот совет седницата за нејзино разрешување да ја одржат дури на 27 Јануари, а во меѓувреме Огнен Ставрев закажал десет рочишта до тогаш, како би можеле со оваа нелегална судијка поротничка, донесат пресуда против обвинетите во ТНТ, а во корист на Фијат Цановски. Женава свесна за играта во која ја ставаат самата си поднесува оставка, но 15-тина минути подоцна, Џолев ја повикува во канцеларија, по што поротничкава ја повлекла оставката од архива, а Џолев и наметнува 24 часовно ,,обезбедување“. Знам, знам дека ова ќе падне на било кој повисок суд, но во предизборие таквата пресуда ќе значи купен ден за заевта пропаганда, како Никола Груевски, Миле Јанакиевски и остантаите добиле по х години затворски казни, пишува Пандов.

И сето ова, потенцира Пандов, се случува во време кога Апелацискиот суд ги ослободи сите до еден учесници во Шарената револуција, вклучувајќи ги и оние кои ја запалија канцеларијата на претседателот и доведоа во опасност животи на околу 100 луѓе во станбениот блок над канцеларијата.

Каков контраст!!! Каква неправда!!! Подоцна на повисок суд и оваа пресуда ќе падне исто ко Заев што падна на 3-ти, но неговата пропаганда ќе има муниција за уште еден ден предизборно да труби и пишува како СДС и ВМРО се исти. Тоа што пак јас сакам да им посочам на актерите во овие случаи е следното. Уште само три месеци не делат од промена на хунтава. Темелно и од корен ќе биде истресен секој еден што учествувал во овие политички монтирани процеси. Праксата не учи дека тие што во последните денови пред падот најмногу биле експонирани истите подоцна најмногу и го јадат! Берете памет во глава, на крајот да не треба на најлошиот начин да разберете дека ви биле бадиела парите и кариерите кои сега ви ги ветува Заев, кога на крајот ќе треба истите да ги давате по адвокати додека ви се тресат коските по дома чекајќи кога ќе дојдат со марица да ве соберат, потенцира Пандов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.