Отворено писмо до претседателот на Судскиот совет Киро Здравев од адвокатот Јовица Страшевски во врска со последните случувања околу предметот „ТНТ“.

Писмото испратено до медиумите го пренесуваме во целост

Во врска со последните случувања околу предметот „ТНТ“ а со оглед на фактот дека од Ваша страна континуирано од 25.12.2019 година се прават обиди за одолговлекување на Ваше укажување до Претседателот на Основниот кривичен суд дека судија-поротник  на кој е истечен мандатот за кој сте ја избрале не престанува со донесување на ваша Одлука за престанок на тој мандат за судија – поротник туку со протекот на рокот за која е избрана од 4 години по сила на закон и по автоматизам дека тоа лице неможе и несмее да се престави и да присуствува на ниту едно рочиште во својство на судија поротник по истекот на нејзиниот мандат.

Со цел јавноста и стручната фела да ја дознае вистината околу истечениот мандат на поранешната поротничка Лилјана Ивановска Кочковска и правното значење на фактот за истечен мандат, Ви се обраќам и Ве замолувам на јавноста да и ги одговорите следниве прашања:

  1. Врз основа на кој закон и кој член ако се повикате на некој закон, Судскиот совет треба да констатира престанок на мандат за судија – поротник на кого му е веќе истечен мандатот на 23.12.2019 година?
  2. Дали Претседателот на Oсновниот кривичен суд има законска можностда го повика ова лице на било кое рочиште закажано од  24.12.2019 година?
  3. Зошто не излезете во јавност како орган кој треба да го контролира работењето на судовите и судии и не ги решите овие неспорни факти кои како дилема сакаат да се пласираат во јавноста?
  4. Зошто не одговорите официјално на барањето испратено до Вас од страна на Претседателот на Основниот кривичен суд во врска со поротниците во предметот ТНТ со конкретни насоки и упатства, туку тоа го правите со бледи и конфузни соопштенија?
  5. Зошто како институција која постојано се повикува на транспарентност и отчетност не ги објавите дописите што до Вас ги доставил претседателот на Основниот Кривичен суд и да покажете како сте одговориле на истите?
  6. Дали со Вашата намера за не превземање на било какви мерки и чекори и умислено одлагање на седниците на Судскиот совет под разни околности само помагате кон сторувања на повеќе кривични дела од страна на поротникот Лилјана Ивановска – Кочковска и Претседателот на Основниот кривичен суд.

Ова отворено писмо се доставува до медиумите и јаноста како најава за закажаната прес конференција на 4.1.2020 година во 13ч пред седиштето на Судскиот совет до кога и очекувам од Претседателот на Судскиот совет да даде одговор на поставените прашања. Доколку истото не го направи ќе сметам дека Претседателот на судскиот совет најмалку превзема дејствија на непријавување на подготвување на кривично дело.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.