На денешното рочиште за „ТНТ“ присутни беа сите обвинети, освен Тони Трајковски. Неговиот адвокат Страшевски рече дека Трајковски не е во можност да присуствува на рочиштата.

Потоа беше повикана неговата докторка Викторија Вујовиќ да ја образложи неговата здравствена состојба. Јавноста беше исклучена од ова излагање поради заштита на податоци на здравствени податоци на пациент и обвинет.

Судењето за случајот е одложено за 6 февруари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.