Случајот ТНТ и официјално почна од почеток.

Судијата Огнен Ставрев најави дека случајот се враќа од почеток со нови поротници. На денешното рочиште единствено не е присутен поранешниот градоначалник Тони Трајковски.

Неговиот адвокат рече дека преку неговата сопруга бил известен дека не добил уредна покана. На тоа се спротистави судијата, кој убедуваше дека курир дошол во неговиот дом, но оти никој не му отворил. Затоа судијата нареди Трајковски утре да биде стражарно доведен во судот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.