Претседателот на ТМОРО ОК Кавадарци синоќа бил приведен поради Феусбук статус против градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, објави на Фејсбук адвокатот и претседател на ТМОРО Ванчо Шехтански. Нешто подоцна, Шехтански објави дека и додека со Бошков е во полициска станица, врз неговото возило е фрлена бомба, а полицијата не реагира.

Во моментов додека сме во полициска станица во Кавадарци, фрлена е бомба врз автомобилот на Здравко Бошков. Полиција не реагира, објави адвокатот и лидер на ТМОРО Ванчо Шехтански.

Предходно Шехтански објави дека локалниот лидер на ТМОРО во Кавадарци е уапсен откако напишал заканувачки статус за градоначалникот Митко Јанчев.

Вечерва во Кавадарци, заради фб статус против градоначалникот Мито Кожувчанка, приведен е претседателот на ОК ТМРО во Кавадарци, Здравко Бошков. Е па, Среќна нова 49, напиша Шехтански.

Со ваквите удбашки методи се дава до знаење дека демократски избори нема да има, а слободата на говорот и слободата на јавното мислење кои се темел на Уставот се целосно цензурирани. Очигледно е дека во предвечерието на 2020 се подготвува среќна нова 49. За овој политички притисок со закани спрема функционери на ТМРО, ќе бидат писмено известени сите политички чинители, државни институции, но и дипломатскиот естаблишмент во земјава, соопшти ТМРО.

Јанчев во изјава за интернет телевизијатз ЕТВ потврдува дека го пријавил Бошков за закана на Фејсбук, односно за оваа објава:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.