Во Мешовитата комисија треба да има европски историчари, за да нема пристрасност, изјави претседателот на НСДП, Тито Петковски во „Само интервју“ на Канал 5.

Но, тој смета дека за ова не е доцна.

За да се задоволат двете страни и да нема пристрасност, добро е да се ангажираат историчари од надвор. Сепак, знам дека Бугарија тоа не сака да го чуе. Не може да се тргне напред ако се знае дека претседавачот на Бугарската комисија е човек кој што беше амбасадор во Македонија. Тој пред се е политичар и дипломат, а многу помалку историчар“, тврди Петковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.