Новата одлука за старт на преговори Европскиот совет би требало да ја донесе во март, во период на изборната кампања во земјава. Амбасадорот на Франција во Македонија во интервју за Телма, запрашан дали одлуката ќе влијае врз изборите, вели дека не е сигурно дека Европскиот совет ќе ја донесе одлуката во март,  но покрај се, дека секој треба да си ја заврши домашната задача, и ЕУ и Македонија.

Прво, не е сигурно дека Европскиот совет ќе донесе одлука во март, затоа што сè уште се водат преговори. Најважно е да се усвои новата методологија, а ние како хоризонт си го зацртавме загрепскиот самит во месец мај. Сега се наоѓаме во период кога треба да се донесат одлуки каде ние од една страна треба да си ја завршиме својата работа, но и Северна Македонија и Албанија треба да си ја завршат својата работа и да се донесат одредени одлуки коишто ќе помогнат, најверојатно, да се забрзаат роковите. Ќе го споменам Законот за Јавното обвинителство и навистина посакуваме да се донесе тој закон и да биде квалитетен, но исто така сме мошне претпазливи во врска со начинот на којшто истиот ќе се усвојува. Ќе биде потребно преодната Влада коректно да функционира, без поголеми тензии, почитувајќи ги правилата на играта коишто беа прифатени од политичките партии. Затоа, ги повикувам големите политички партии да го имаат предвид државниот интерес, а не да влегуваат во меѓусебни расправии. Ги повикувам да донесат Законот за Јавното обвинителство, кој ќе биде добар и ќе задоволува одредени критериуми и тоа да го направат без предрасуди за партијата или поради лични интереси. Сметам дека тоа ќе биде соодветно вреднувано од најголем број земји-членки на Унијата – вели Тимоние.

Ваквата изјава на Тимоние  ги пореметува плановите осумте пратеници кои гласаа за промена на името, повторно да помогнат да се протне нешто за кое власта реално нема мнозинство.

Гласовите на осумте пратенци за промена на уставот и името на Република Македонија беа буквално купени од страна на власта, откако беа уценети со нивната слобода, а за возврат добија тендери и пари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.