Може да се проблематизира безусловната препорака за почеток на преговорите за членство во ЕУ поради тоа што без минимум консензус и без цивилизирана дискусија вчера беше донесен Законот за употреба на јазиците во Собранието. Ова за „Сакам да кажам“ го изјави францускиот амбасадор Кристијан Тимоние само ден по инцидентите во Собранието при донесувањето на овој закон, во март 2018 година.

Вчера беше разочарувачки ден бидејќи видовме настани за кои мислевме дека веќе сме им го свртиле грбот, дека немало минимум консензус за процедура за усвојување закон и нема цивилизирана дискусија за теми од интерес на граѓаните. Не е мое да судам, но глетката што ја видовме беше сѐ само не глетка од еден парламент на европска држава. Во период кога земјите членки на ЕУ треба да се произнесат за препораката за преговори, посебно за условеноста на препораката, ќе се постави прашањето дали агендата на Прибе ќе биде брзо усвоена и формално ќе се отвори и прашањето за почитување на Копенхашките критериуми. Европската унија може да интегрира само функционални демократии, кажа тогаш Тимоние.

Тимоние уште тогаш предупреди дека Европа не е слепа пред неуставното и на сила донесување на одредени закони и одредби во земјата и дека сето тоа влијае на одлуките за иднината на Македонија во ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.