Амнестијата е чувствителна тема и нема многу да говорам на темата, само ќе кажам дека амнестиите не донеле среќа овде, порача францускиот амбасадор Кристијан Тимоние во интервјуто за „Македонско радио“.

Амнестијата треба да се јави по некое осудување и по утврдување на одговорност и генерално кон амнестијата се мисли како помирување во општеството, но јас немам впечаток дека овде неказнивоста е поврзана со помирувањето. Туку овде неказвнивоста предизвикува непомирување и големи рани на општеството, и тоа не е најдобриот пат за државата. Имаме општество кое е екстремно поделено, не е мое да го коментирам Уставниот суд. Правото на амнестијата треба да се користи во функција на помирување, а не во функција на неказнивост, рече амбасадорот.

Во однос на предлогот на Мицкоски за забрана за амнестија на политичари, Тимоние рече дека не е местото на амбасадор на Франција да коментира вакви работи, но воедно постои европска тенденција за рестрикција на капацитетите за aмнестија, особено кога станува збор за дела кои се економска и финансиска причина, особено кога станува збор за кражба на народот и особено за вакви дела со кои се минира демократијата и се минира довербата на граѓаните во политичкиот систем.

Кога бараме мислење од некого тоа мислење треба да се земе предвид или парцијало или целосно, затоа што сметаме дека телото Венецијанска комисија е доста почитувано, и ја почитува целиот свет, а кога сме во потрага по европски стандарди, треба да почитуваме мислење на институција која е почитувана. Суштината на оваа комисија е да креира право, и да се произведе консензус, порача францускиот амбасадор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.