Францускиот амбасадор Тимоние изразил надеж дека претстојните избори ќе се одржат во фер и демократска атмосфера и дека тоа е особено важно во пресрет на најавите за добри вести за Северна Македонија за почеток на пристапните преговори со ЕУ.
Амбасадорот Тимоние, се додава, исто така подвлекол дека атмосферата во Париз по ова прашање е многу подобра и оти со заедничка работа со овдешните политички чинители ќе бидат постигнати резултати, како прилог на заложбата на Франција за што побрза интеграција и напредок на земјите од Западен Балкан.
-Амбасадорот Тимоние истакна дека ги цени напорите за целосна транспарентност на оваа Влада. Тој истакна дека има подобра атмосфера и во областа на медиумите и изрази надеж дека во наредниот период ќе се надмине големата политичка поларизација во оваа сфера за сметка на професионалноста, се наведува во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.