Датум за почеток на преговори со Европската Унија е новогодишната желба на францускиот амбасадор во земјава Кристијан Тимоние.

Тој во интервју за ТВ24 открива дека кога пристигнал како дипломат во Македонија затекнал земја која се гуши – денеска престојува во земја која дише слободно, понекогаш се лути, честопати е критикувана, но е на вистинскиот пат за влез во европското семејство.

Гаранција за датум оваа пролет нема, но она што мора да се заврши се реформите и борбата со корупцијата – вели Тимоние во интервјуто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.