Добивањето датум за преговори на Македонија со Европската унија е долготраен процес, кој започна уште по конфликотот во 2001 година со потпишувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација, па продолжи со поканата во 2004 година, вели францускиот амбасадот Кристијан Тимоние во интервју за Алфа.

Тој сме смета дека земјата е на добар пат, дека е постигнат одреден напредок, но сепак нашата земја не е во состојба којашто е слична со состојбата во другите земји, па затоа е нормално јавното мислење овде да си поставува прашања дали сите критериуми, особено Копенхашките, се исполнети за добивање датум за преговори.

Ќе ми кажете дека Ек неколку пати последователно и на оваа влада и на претходната изготвува позитивни извештаи со препорака за отворање на преговорите, но потоа треба секоја од земјите-членки, меѓу кои и Франција, да видиме дали сето тоа соодветствува со објективните критериуми за влез во ЕУ. Затоа воопшто не треба да се драматизира околу тој датум, вашата историја е посебна, целта јасна, затоа што ние ве сакаме во ЕУ, но сега треба да видиме кои се најдобрите рокови и најдобриот пат да се постигне тоа, а можеби и најдоброто техничко решение за да не се најдете на бесконечен пат само едноставно од идејата дека е доделен датум, а после ќе видиме што ќе правиме. Спротивно, ни е на ова гледаме мошне сериозно, сакаме да се најдете на добриот и солиден пат и затоа преговараме со другите земји-членики. Ние не сме  сопственици на ЕУ иако нашиот глас има посебна тежина, вели Тимоние.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.