Одблиску ќе ја следиме аферата „Рекет“ и развојот на настаните, рече францускиот амбасадор Кристијан Тимоние во интервју за „Македонско радио“.

Тој порача дека инситутциите треба подобро да дејствуваат.

Особено ќе ја споменам Комисијата за борба против корупцијата, која што разгледува одредени предмети, дури и комплицирани предмети кои повикуваат високи функционери на власта. И веројатно постои простор за прочистување, вели францускиот амбасадор.

Тимоние нагласи дека не треба само да се обвинува судскиот систем за она што го прави, туку треба своевидна автодисциплина и рестрикција, која е недоволна во политичкиот систем во однос на судскиот систем.

Судскиот систем треба да има храброст да се спротивстави на политичкиот систем. Посакувам стабилност во оваа земја, а не може преку нестабилност и преку решавање на лични сметки да се создаде клима за европезација. Не сакаме ниту култура на неказнивост, која донесе застарување на СЈО. Ќе кажам дека мандатот кој беше даден од граѓаните, но и поддршката на меѓународната заедница за промени во земјата во 2016 година ќе бидат оправдани само преку суштински и длабоки реформи, а не да се затвараат очите пред злопотребите и да се задржи тој перверзен систем кој што не е европски, посочи Тимоние.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.