Францускиот амбасадор во Скопје, Кристијан Тимоние, во изјава за весникот „Коха, вели дека очекува наскоро да биде формирана новата Влада и да продолжи со консолидација на реформите кон европскиот пат на земјата.

Се надевам дека новата влада ќе биде формирана наскоро, и да продолжи со ефикасни и кредибилни реформи, како и да се консолидира европскиот пат на земјата. Судството, борбата против корупцијата, реформите во образованието и развојот на економијата треба да бидат главната задача на новата влада – вели Тимоние.

Прашан дали Франција или ЕУ имат фаворизирана партија која треба да формира ново парламентарно мнозинство, Тимоние истакна дека во демократскиот систем политичкото делување е отворено, но, дека, според него, треба да се создаде ново мнозинство засновано на програмата презентирана на изборите.

Демократскиот систем е отворен и мора да се создаде мнозинство базирано на програма и принципиелен пристап за враќање на довербата на луѓето во институциите – вели Тимоние.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.