Потребни ни се успешни избори и прогрес во агендата, вели францускиот амбасарор Кристијан Тимоние, зборувајќи за почетокот на преговорите на Македонија со Европската унија. Според него постои метологија, но постои и агенда на реформи во политичката агенда како и законот за Обвинителството.

Знам дека предлогот на Комисијата треба да го добиеме до крајот на месецов. Ова не се одлучува еднострано. Има консензус за нашите предлози. Не очекувам компликации бидејќи нашите предлози беа базирани на аргументи за кое е потребно време. Мислам дека до самитот во Загреб ќе бидеме спремни, изјави Тимоние.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.