Ако некој мисли дека извештајот е многу добар – не го прочитал; ако некој мисли дека е многу лош – не го разбрал, вели за „Утрински брифинг“ Драган Тилев од СЕП – Државен советник за европски политики и координација, коментирајќи го последниот извештај на ЕК.

Многумина велат дека тоа е само регрупирање на поглавјата, но јас секогаш се обидувам да гледам малку подалеку и како тоа ново прегрупирање ќе се одрази на работата дома. Ние секако ќе треба да се реорганизираме, биедејќи оваа нова методологија е за зајакнати пристапни преговори, што значи дека тоа е подготовката за преговори или извеештајот од една страна нуди оценка и проценка што се направило во изминатите 12 месеци, но има и еден втор елемент, а тоа кумулативно вкупната подготвеност на државата за почеток на пристапните преговори, односно каде се сме ние во транспозицијата на европското законодавство, што до сега сме постигнале и каде треба да се даде поголем фокус. Новата методологија дава поголем простор на земјите членки да се вмешаат во проценките и оценките, што е една новина. ЕК ќе мора да ги доставува драфтовите на извештаите до земјите членки да ги прибира нивните мислења, вели Тилев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.