Познатиот македонски актер Рубенс Муратовски го прокоментира скандалот со неинтонирањето на македонската химна при посетата на грчкиот премиер Алексис Ципрас на Скопје. Изговорот на македонските власти беше дека немало време бидејќи грчкиот гостин „доцнел“.

„Тие : ‘Како ќе го решиме текстот со македонски народе во химната’? Ние : ‘Многу лесно. Ќе ја нема химната’.“

„Ама во себе си ја пееше химната, нели? Нека пукне Ципрас!“

„Гледам многумина по повод последниве случувања молчат. На mute се. Исто како и химната. Ама што е важна таа? Важно има правда, пари, просперитет и напредок“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.