Иван Илчев, член на комисијата за историја од Бугарија, пеофесор по современа историја, поранешен ректор на Соискиот универзитет, нагласува дека работата на заедничката комисија со Македонија е дојдена до критична фаза поради ликот и делото на Гоце Делчев.

Тој нагласува дека голем успех е што македонската страна признала оти цар Самуил е дел од бугарската држава и оти е постигнато согласност дека св. Климент и св. Наум се испратени од бугарската држава и се хиротонисани во рамки на бугарската црква.

На прво место, македонската страна призна дека Самуил е цар на бугарското царство. Нема да се уморам да повторувам дека за такво тврдење – дека Самоил е бугарски цар, во 60-ттите години на минатиот век во Македонија се одеше во концентрационен логор. Беше постигната и согласност дека свети Климент и свети Наум се испратени од бугарската држава, од бугарскиот владетел – Борис и Симеон, дека се хиротонисани од бугарската држава во рамките на бугарската црква, вели Илчев во интервју за Дневник.бг.

Илчев нагласи дека во ниту еден момент бугарската страна по ниту едно прашање не отстапила од бугарските позиции.

Илчев ја обвинува македонската страна дека сака да прави пазар со историјата. За македонските членови на мешовитата комисија вели дека тие сметаат дека како што ние правиме отстапки, така треба и бугарската страна да отстапи.

Но, ние не сметаме дека може да стане збор за пазар и се потпираме на историските извори и на утврдените становишта на историјографијата, вели тој.


Целото интервју ТУКА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.