Обвинителката Лиле Стефанова го опиша разговорот кога Катица Јанева ѝ наложила да му го врати пасошот на Орце Камчев. Стефанова со тоа не се согласувала, но Јанева била упорна и ѝ се обраќала со лут глас.

Ти Лиле да му го вратиш пасошот на Камчев. Под хипотека, не под хипотека да му го вратиш, ѝ рекла Јанева на Стефанова.

Стефанова на тоа не се согласила, но барањето за враќање на пасошот го потпишала заменичката на Јанева, Јосифовска. Оттогаш Стефанова немала никаков контакт со Јанева, а дека на Камчев му е вратен пасошот видела кога тој се појавил на спортски натпревар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.