Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи не е кандидат за амбасадор во Вашингтон – изјави денеска премиерот во заминување, Зоран Заев.

Тој одговарајќи на новинарско прашање на настанот за проширување на улицата „Никола Карев“, позната како Пластичарска, истакна дека Арифи е негова пријателка, ја поддржува во активностите како градоначалник на Тетово, се реализираат повеќе проекти, но таа не е ниту понудена како кандидат за амбасадор во Вашингтон, ниту пројавила интерес.

За Теута Арифи воопшто не е разговарано – рече премиерот во заминување.

Во врска со тоа до каде е процедурата за именување кандидат за амбасадор во Вашингтон, премиерот во заминување рече дека има квалитетни кандидати, но се уште немаат консолидирана одлука.

Знаете амбасадорската постапка прво е политичка, потоа е професионална. Министерот за надворешни работи разговараше и со претседателот и со мене и со други важни личности. Верувам дека во брзо време ќе најдеме решение. Вчера донесовме одлука за 21 кандидат и тоа е само дел од постапката – изјави премиерот во заминување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.