Тетовските ученици и денеска излегоа на протести против онлајн наставата и решението на владата и Министерството за образование. Побараа повторно да се разгледа можноста за настава со физичко присуство или комбинирана настава, зошто платформата не функционира но и поради неподготвеноста на професорите да се снајдат во настава од далечина. Многумина од нив или немаат компјутери и лап топови, или интернет.

Од министерката за образование Царовска се бара да ги реши проблемите во онлајн наставата, од премиерот Заев се бара да обезбеди компјутери за сите ученици кои немаат а од политичките партии да запрат со непотребно трошење со цел да се решат проблемите во образованието во ек на Ковид-19.

Очевидци тврдат дека протестите се одвиваат достоинствено иако од дел од демонстрантите можат да се слушнат и навредливи пораки до претставниците на власта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.