Излезност од 10,42 отсто денеска се бележи во општина Тетово до 13 часот, додека на 21 април во истиот период имаше 16,71 отсто. Во општина Желино и во вториот круг до 13 часот има најмалку 4,22 отсто излезност или гласале 991 лица. Во првиот круг таму имало излезност од 6,62 отсто.

Во Боговиње до 13 часот има излезност од 6,21 отсто за разлика од пред две недели кога имало 8,01 отсто.

Најголема излезност до 13 часот има во Јегуновце – 13,48 отсто во рамки на вториот круг. Во првиот круг имало 13,4% излезност. Општина Брвеница бележи излезност од 13,03 отсто додека пред две недели до 13 часот имало 14,25 %.

Во рамки на вториот круг од граѓаните кои имаат право на глас во општина Теарце 8,35 отсто гласале до 13 часот. Во првиот круг 9,64 % од граѓаните гласале до 13 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.