По денешните 565 нови позитивни случаи на Ковид-19, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 32.997.

Дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 14272, активни 5042

• Тетово 2332, активни 636

• Струмица 1010, активни 568

• Прилеп 1441, активни 565

• Куманово 2365, активни 466

• Велес 843, активни 438

• Штип 1728, активни 306

• Битола 740, активни 299

• Гостивар 1272, активни 259

• Охрид 736, активни 258

• Кавадарци 548, активни 240

• Кочани 750, активни 223

• Гевгелија 416, активни 200 (21 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 69 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Кичево 596, активни 191

• Струга 837, активни 110

• Делчево 264, активни 109 (66 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Крива Паланка 253, активни 101

• Неготино 171, активни 93 (18 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија). 

• Свети Николе 494, активни 91

• Радовиш 251, активни 90

• Виница 190, активни 73

• Пробиштип 212, активни 72

• Ресен 254, активни 69

• Берово 220, активни 56

• Дебар 346, активни 54

• Валандово 111, активни 40

• Кратово 62, активни 32

• Демир Хисар 85, активни 18

• Крушево 32, активни 11

• Македонски Брод 106, активни 10

• Пехчево 60, активни 8

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 161 пациенти. На кислородна поддршка се 128 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. 

Во болницата во Козле хоспитализирани се 10 позитивни и 2 суспектни деца на Ковид-19 и 19 возрасни пациенти, позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 10 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 61, а во болницата во Штип се 51 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Дебар, Кичево и Кавадарци се хоспитализирани 351 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.